АРМ прославува 22 години од основањето

Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи денеска попладне во Центарот за обука на вода во Охрид.

На свеченоста најавено е присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата.

По повод 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија синоќа во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена почесна артилериска стрелба. Единицата на артилерискиот баталјон на АРМ истрела 10 плотуни.

Армијата на Република Македонија годинава одбележува 22 години од основањето. 

18.08.2014 - 09:58
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега