Екстра - меин тврди: Во нашите производи нема листерија

Од компанијата Екстра - меин велат дека во нивните производи нема листерија.

- Ги поддржуваме напорите на министерот за здравство Никола Тодоров конечно да влеземе во разрешница на мистеријата за фамозната бактерија. Во целиот хаос од импровизации, волунтаризми и фингирања на одредени институции, сигурни сме само во едно - изворот не е во Екстра меин! Ако некој наведува дека е користен дезинфициент во производствениот погон, треба да знае дека тоа е стандардна процедура по завршување на секој работен ден во погонот, кога се чистат и се дезинфицираат опремата и просториите, стои во нивното соопштение.

Исто така ти е велат дека не може да има листерија бидејќи производите се термички третирани, на температура од 73 до 79 целзиусови степени, вклучително и вакумираниот сечкан свински врат! 

- Направени се 272 редовни и над 60 вонредни анализи на  мостри земени од производствениот погон, само од почетокот на 2014 година, и сите се негативни, велат од Екстра меин.

 

 

 

17.08.2014 - 15:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега