ФОТО: Спајдермен од Македонија продава слатки во Грција

 

Сите оние кои биле на грчките плажи не можеле, а да не налетаат на продавачите на слатки крофни и останатите зашеќерени или со шербет прелиени слатки, попознати како „Локумадес“.  

Ама знаете ли какво вчудоневидување следува кога наместо „обичниот локумадес продавач“ на плажата ќе го здогледате „Спајдермен“ со тацната крофни в рака! Децата остануваат во прашалници,  збунети со подзината уста, а возрасните мислат дека е скриена камера, пишува Вистина.мк.

И можеби нема ништо чудно во тоа доколку не знаете дека зад костумот се крие еден Македонец, или поточно скопјанец.

Оваа работа ја работи веќе 6-7 години секое лето на плажата во „Олимпик Бич“ во Грција. Вели дека откако во Скопје останал без работа  животот го натерал и него и неговата ќерка (која работи во еден од тамошните бутици) да тргнат во потрага по егзистенција.

17.08.2014 - 13:51
Фото: 
вистина
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега