ФОТО: Му ја донеле сметката - се шокирал од она што го видел

 

Хомосексуалецот Адам Катанзарит тврди дека добил сметка на која имало хомофобична навреда. Тој купил слушалки во продавница на Ејпл во Портланд и забележал дека на местото каде се внесува е-меил адресата на купувачот пишува [email protected] (fag - педер), пишува Метро. 

Во интервјуто за "The Oregonian" раскажува дека работникот го прашал за неговата е - меил адреса, но тој одбил да му ја даде. Напишаното не го приметил бидејќи сметката ја ставил во џеб. По неколку дена ги видел знаците кои ги сфатил како навреда. Контактирал по телефон со менаџерот на продавницата, а потоа се сретнал со него лично. 

- Беше љубезен и доволно разумен, рекол Катанзарит и додал дека продавачот се согласил да му вратат 29 долари колку што чинеле слушалките. 

Фотографијата од сметката ја објавил неколку недели подоцна на својата Фејсбук страница со пораката: "Вака стојат работите. Вработениот во Ејпл овде во Портланд ме нарече педер". Мислел дека е важно да ја сподели приказната  бидејќи менаџерот на продавницата не си го исполнил ветувањето за да ја подобри ситуацијата.

Портпаролот на Ејпл изјавил дека е запознат со ситуацијата, но одбил да даде други коментари.

 

 

15.08.2014 - 11:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега