ФОТО: Со прегратка ја спасила својата сестра близначка

 

Двете сестри близначки Бриел и Кајри Џексон биле родени 12 недели пред терминот и тежеле по еден килограм. Во инкубаторот Кајри одлично напредувала и растела, додека Бриел имала проблеми со срцето и дишењето.

Докторите биле сигурни дека Бриел нема да преживее и им ги пренеле тажните вести на родителите. Совладани од тага, Хајди и Пол Џексон се збогувале со своето девојче.

Сепак, медицинска сестра Гејл Каспаријан одлучила да и даде на Бриел уште една последна шанса. Го ставила изнемоштеното бебе во инкубаторот на нејзината сестра и останала без зборови кога видела дека Кајри ја ставила својата рака околу рамениците на својата сестричка.

- Беше неверојатно. Веднаш Бриел се смири и ја поврати бојата, се сеќава Гејл.

Во рок од неколку минути, дишењето се вратило во нормала и постепено се стабилизирале и отчукувањата на срцето. Родителите за неколку недели ги одвеле дома двете девојчиња, каде што спиеле во ист кревет се додека не наполнат шест години.

- И ден денес се најдобри пријателки и не се одвојуваат, вели таткото на близначките кои сега имаат 19 години.

Според лекарите, Бриел закрепнала од прегратките на нејзината сестра, благодарение на лачењето на окситоцин и ендорфин, хормони на задоволство.

15.08.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега