ВИДЕО: Се роди првата петорка во Чешка

 

Утрово во Подолската болница во Прага, се роди првата петорка во Чешка. Според досегашнитте информации, 23-годишната мајка Александра Кињова родила четири машки бебиња и едно девојче и сите во добра здравствена состојба. 

Породувањето на петорката било извршено со царски рез во 31. недела од бременоста. Бебињата се тешки околу 1.200 грама. Поради предвременото раѓање, бебињата ќе бидат во болница околу еден месец.
 
Инаку, младата мајка и нејзиниот сопруг веќе имаат петгодишен син. Општината близу Прага во која живее семејството, им обезбеди стан од 120 метри квадратни, а ќе им плаќа и негувателка додека петте близначиња е наполнат четири години. Од државата, пак, семејството ќе добие уште една помошничка и родителски додаток само за едно дете.

најчитано сега