Спортски натпревари меѓу средношколците од Скопје и Софија

 

На иницијатива на Сојузот на средноучилишен спорт од Скопје од денеска до 4 јуни во Софија, Република Бугарија ќе се одржи турнир на кој ќе настапат тимови од средните училишта на Град Скопје и на Софија.

На турнирот ќе се натпреваруваат средношколски машки и женски екипи во кошарка, ракомет и футсал и одбојка во женска конкуренција.

Целта на натпреварите е продлабочување на соработката меѓу двата главни града и размена на искуства од областа на образованието и спортот.

најчитано сега