ФОТО: Погледнете какво повеќенаменско игралиште доби Охрид

На пригодна свеченост пред бројни охриѓани синоќа градоначалникот  на Охрид,  Никола Бакрачески го стави во употреба повеќенаменското спортско игралиште кое се наоѓа во населбата Лескајца наспроти детската градинка.

-Овој парк вклучува игралиште за кошарка, едно игралиште со детски реквизити и еден мини парк. Ова е  еден вид најава за проектот кој подолго време го осмислувавме во Локалната самоуправа за изградба на 30 тина вакви места на претходно определени локации. Целта на отворањето на ваквите игралишта не е само  осмислување на просторот и внесување  содржина  во него туку и намерата ни е   децата да ги вратиме на маалските игри и тргнеме од компјутерите- изјави синоќа градоначалникот Бакрачески кој заедно со своите сограѓани во пријатна атмосфера одигра една партија баскет. 

Ова повеќенаменско спортско игралиште е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, според која на овој потег беше планирана изградба на игралиште од ваков тип.

- Она што посебно радува во оваа приказна е тоа што се осврнавме на сопствени кадри, на начинот на организацијата и сите работи околу изградба и проектирања на овој  мултифункционален парк беа изведени од страна на локалната самоуправи и јавните локални претпријатија, тоа е факт што посебно радува. Јавните охридски претпријатија покажаа дека имаат капацитет да се носат и со големи проекти со кои ќе го осмислуваме градот, додаде  градоначалникот Бакрачески .

12.08.2014 - 09:58
Фото: 
КУРИР
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега