Во „Екстра Меин“ нема листерија

Нема листерија во погоните на „Екстра Меин“, покажаа тестирањата на земените мостри и брисови од вонредниот увид. Сите се негативни на бактеријата, соопшти компанијата, повикувајќи се на резултатите добиени попладнево од Институтот за јавно здравје.

Утре се очекуваат и резултатите од суперанализата на спорниот производ – вакумиран чаден сечкан свински врат, најден во малопродажен објект во Гевгелија.

- До попладневните часови, сите објавени анализи од Институтот се негативни на присуство на листерија моноцитогенес што значи дека производствениот погон на „Екстра Меин“ не е контаминиран со бактеријата листерија. Резултатите од останатиот дел од почнатата анализа до компанијата се очекува да биде доставен во текот на утрешниот ден, информира „Екстра Меин“.

Според фабриката, сите нивни производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 степени целзиусови што загарантирано ја уништува бактеријата листерија. Она што не е во нивниот домен и врз кое немаат контрола е начинот на натамошно чување на производите во малопродажбата откако ќе ја напуштат компанијата и нејзините капацитети.

11.08.2014 - 20:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега