Планинар од Велес го искачи врвот Елбрус во Русија

Велешкиот планинар Тодорче Ѓорѓиев го искачи врвот Елбрус во Русија висок 5.642 метри.

Ѓорѓиев, кој вчера се врати во родниот град, на Елбрус ги постави македонското и знамето на Општина Велес.

Како што информира Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес, локалната самоуправа ќе продолжи да обезбедува поддршка за сите млади луѓе, ентузијасти, научници и спортисти кои имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри.

- Нивната промоција во светот истовремено е и промоција на Велес и Македонија, потенцира Мајсторов.

11.08.2014 - 15:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега