Македонскиот амбасадор во Катар трошел незаконски - треба да ги враќа парите

 

Конечниот ревизорски извештај открил неправилно управување со дел од ресурсите во Амбасадата во Доха од страна на амбасадорот Фуад Хасановиќ и тој е задолжен да го врати износот на средства во целост. Во тек е правна постапка за нанесената штета во рамки на која се поднесува пријава до надлежните инстанци.

Ова се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи, а во врска со пишувањата на некои медиуми за неправилности во работењето на амбасадорот  Хасановиќ во Амбасадата во Катар.

- Во рамките на системот за внатрешна контрола на работењето во дипломатско-конзуларните претставништва на РМ, Министерството за надворешни работи констатираше неправилности и отстапување од добрите практики во амбасадата во Доха, се вели во соопштението. 

Во врска со овој случај и во функција на спроведување на внатрешната ревизија, амбасадорот Хасановиќ, се наведува, бил повикан на консултации и негово произнесување во земјата, во текот на јуни-јули 2014 година

11.08.2014 - 14:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега