3 - годишно девојче преживеало 11 дена во шума со своето куче
Тригодишната Карина Чикитова преживеала 11 дена во сибирската шума полна со мечки и волци, благодарение на нејзиното куче, кое недала дена ја греело, по што отишло дома да донесе помош. Девојчето јадело диви боровинки и пиело вода од реката, пишува "The Siberian Times".
Иако шумата е опасно место, единствените повреди и биле убодите од комарци и гребаници на нозете. Девојчето од својата куќа во Јакутцк, се упатило кон шумата со своето куче следејќи го својот татко кој одел во соседното село. Таткото не приметил дека ќерката и кучето го следат, а тие во меѓувреме се изгубиле. Кога после 4 дена мајката стапила во контакт со таткото, сфатиле дека нивната ќерка се изгубила и го пријавиле исчезнувањето.
Потрагата со хеликоптер била отежната бидејќи Катарина своето засолниште го направила во високата трева. Кога кучето се вратило дома, спасувачите тргнале по него и го пронашле девојчето.
Иако шансите да преживее девојчето биле минимални, тоа преживеало благодарејќи му на животинскиот инстинкт на кучето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа