Анкета „Таен клиент“: Најљубезни се вработените во УЈП

Анкетата која ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација „Таен клинет“ покажува дека граѓаните севкупно се најзадоволни од услугите во Централниот регистар на Македонија, а најнезадоволни од Министерството за внатреши работи.

Податоците добиени од Анкетата говорат дека најбрзо се издаваат документи во Централниот регистар, додека најмногу се чека во Катастар. Најљубезни се вработените во УЈП, односно на анкетата 100 проценти од граѓаните рекле дека се задоволни од љубезноста на вработените во оваа институција.

- Методологија барометар за квалитетот на институциите, којашто МИОА ја спроведува втора година по ред, има за цел воведување на стандардизирано мерење на квалитетот на институциите и нивно рангирање согласно добиените резултати. Имплементацијата на методологијата барометар за квалитетот на институциите ќе влијае на создавање на конкуренрност на институциите во админситрацијата и ќе ги поттикне да ги спроведуваат дефинираните и планираните реформски процеси коишто сде во Стратегијата ја реформа на јавната администрација, рече министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски.

Анкетата е спореведена во периодот јуни-јули 2014 година во три општини по случаен избор, однсоно во Кисела Вода, Прилеп и Свети Николе.

Оваа година, како што нагласи Ивановски, за првпат е спроведена и анкета за тоа колку граѓаните се задоволни од едношалтерскиот систем во Република Македонија, на која граѓаните одговориле дека 75 отсто од институциите не ги препраќале до друг шалтер или друга институција.

11.08.2014 - 13:37
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега