Нов вирус на Фејсбук
Апликацијата за промена на бојата на профилите на Фејсбук шири вирус со кој може да се заразат компјутерите и мобилните телефони, откриле експертите од компанијата „Чита Мобајл“.
Се претпоставува дека повеќе од десет илјади луѓе низ светот се инфицирани со овој вирус.
Апликација „Фејсбук колор ченџер“ тврди дека со неколку кликови можете да ја промените бојата на својот профил, а всушност ве води на „фишинг“ страница. Блогодарение на ранливоста на Фејсбук, хакерите можат да вметнат вирус или злонамерни шифри во овие апликации.
Така во овој случај шифрата ќе ве одведе на „фишинг“ страницата, кој корисниците ги напаѓа на два начини.
Може да ги украде вашите податоци преку пристапот за податоци на Фејсбук, што од вас бара да го погледнете видеото за апликацијата. Во тој момент хакерите добиваат привремен пристап до вашите податоци и поради тоа можат да се поврзат со вашите пријатели.
Ако корисникот не го погледне видеото, страницата од него ќе бара да ја симне апликацијата. Ако ја симнува преку компјутер, всушност ќе симне порнографско видео. Ако проба да ја симне апликацијата преку Андроид, ќе добие опомена дека мобилниот телефон е заразен и ќе прати совет за симнување на други апликации.
Ако веќе сте ја симнале оваа апликација, „Чита Мобајл“ ве советува веднаш да ја смените својата лозинка на Фејсбук и избришете ја апликацијата од својот уред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа