13 корисни совети - еве како полесно да се откажете од цигарите

 

Доколку размислувате да се откажете од цигари, еве 13 совети кои ќе ви помогнат побезболно да престанете со пушењето.

 

Зошто сакате да престанете?

Сакате да престанете да пушите, но не знаете зошто? „Затоа што е тоа лошо“ и не е доволно добра причина. За да бидете и да останете мотивирани, ви треба силна, лична причина да престанете да пушите. Можеби сакате да го заштитите своето семејство од пасивно пушење. Можеби помислата на рак на белите дробови многу ве плаши. Или можеби сакате да се чувствувате и изгледате млади. Изберете причина која е доволно силна да ја надмине потребата да запалите цигара. 
 
Не се плашете

Може да биде многу примамливо да ги фрлите цигарите во корпа за отпадоци и да кажете дека сте престанале да пушите. Сепак, 95 отсто од луѓето кои се обидуваат да престанат да пушат без терапија или лекови се враќаат на пушењето. Причината во тоа е што никотинот предизвикува зависност. Мозокот се навикнува на никотинот и потоа има потреба од него. Во негова отсутност доаѓа и до намалување на желбата за истиот. 

Пробајте никотинска терапија

Кога ќе престанете да пушите, повлекувањето на никотинот може да направи да се чувствувате фрустрирано, депресивно, немирно или раздразливо. Исто така, желбата за цигара може да биде неиздржлива. Никотинската терапија може да ги намали овие симптоми. Истражувањата покажуваат дека користењето на никотински мастики за џвакање или фластери може дупло да ги зголеми шансите за престанување со пушењето, кога се комбинираат со интензивен бихејвиорален програм. Комбинирање на овие производи со цигарите не е препорачливо. 

Барате лекови

За да го олесните повлекувањето на никотинот од организмот, а без употреба на производи кои го содржат, прашајте го својот доктор да ви препише лекови. Постојат лекови кои ја намалуваат желбата за никотин така што влијаат на хемикалиите во мозокот. Од некои од нив може да ви се згади пушењето, ако повторно запалите цигара. Други лекови можат да помогнат да се намалат проблематичните симптоми на одвикнување, како што се депресија или намалена концентрација. 

Не поминувајте сами низ одвикнувањето

Кажете на пријателите, семејството, на колегите од работа, дека се обидувате да престанете да пушите. Нивната поддршка може да биде од голема помош и важност. Исто така, изберете едно лице кое ќе биде покрај вас, кога ќе ви биде најтешко. Тоа нека биде најдобрата пријателка, бидејќи таа во целост ќе ве разбере. Да, важно е и тоа лице да биде непушач. 

Контролирајте го стресот

Една од причините поради која луѓето пушат е тоа што никотинот им помага да се опуштат. Кога ќе престанете да пушите, ќе мора да најдете нов начин на кој ќе се изборите со стресот. Обидете се со редовни масажи, слушајте музика која опушта, учете јога или таи чи. Ако тоа е можно, избегнувајте стресни состојби првите неколку недели откако ќе престанете да пушите. 

Избегнувајте алкохол и други предизвикувачи

Одредени активности можат да ја зголемат желбата за пушење. Алкохолот е еден од најчестите поттикнувачи па обидете се да го конзумирате што е можно помалку, откако ќе престанете да пушите. Ако морате да запалите цигара со кафе, првите неколку недели почнете да пиете чај. Ако обично пушите по оброк, најдете нешто друго со што ќе ја замените таа навика, измијте ги забите веднаш по оброкот или џвакајте мастика.

Исчистете го домот

Откако ќе ја запалите својата последна цигара, фрлете ги сите запалки и пепелници што ги имате дома. Исперете ја цела облека која мириса на чад на цигари, исперете ги теписите, прекривачите и завесите. Користете освежувач за воздух, за да го освежите животниот простор. Верувајте, не сакате да видите или да помирисате било која работа која може да ве потсети на пушење. 

Не престанувајте да се обидувате

Многу често се случува луѓето да се откажат и повторно да почнат да пушат. Многу пушачи се обидуваат и по неколку пати пред да успеат. Испитајте ги околностите и емоциите поради кои повторно сте почнале да пушите. Користете ги како прилика да ја реафирмирате својата посветеност на одвикнувањето. Еднаш кога ќе ја донесете таа одлука дека сакате повторно да се обидете, ќе ви биде многу полесно тоа и да го постигнете. И не се обесхрабрувајте, ако повторно почнете да пушите. Никогаш не престанувајте со обидите! 

Движете се

Физичката активност може да помогне во намалување на желбата за никотин па може да олесни и некои симптоми при одвикнувањето. Кога сакате да запалите цигара, облечете ролерки и патики и појдете во најблискиот парк или на игралиште. Дури и мал тренинг е доволен, како што е шетање со кучето, или чистење на градината од плевел. Освен тоа, ова ќе ви помогне и побрзо да ги согорите калориите. Значи, две муви со еден удар!

Јадете овошје и зеленчук

Не помислувајте воопшто на диети кога се обидувате да се одвикнете од цигарите – премногу откажувања може да предизвикаат спротивен ефект. Јадете што повеќе овошје и зеленчук и млечни производи со ниска маснотија, студиите покажуваат дека овие намирници го влошуваат вкусот на цигарите. Ова ќе ви помогне да ја намали желбата за цигари, а истовремено ќе внесувате хранливи состојки кои се важни за нормално функционирање на организмот и помагаат во борба против болести. 

Одберете своја награда

Покрај огромните здравствени предности, една од привилегиите од престанување со пушењето е и сите пари кои ќе ги заштедите. Наградете се така што со тие пари ќе си купите нешто забавно. 

Направете го тоа поради вашето здравје

Паричната награда не е единствена работа на која треба да се мисли. Престанувањето со пушење има директни здравствени бенифиции. Доаѓа до намалување на крвниот притисок само по 20 минути откако сте ја изгасиле цигарата. Во рок од еден ден, нивото на јаглерод моноксидот во вашата крв се враќа во нормала. Во рок од две недели до три месеци доаѓа до намалување на ризикот од срцев удар и вашите бели дробови почнуваат подобро да функционираат. Долгорочните предности вклучуваат намалување на ризик од коронарни болести на срцето, мозочен удар, рак на бели дробови и рак на други органи.

11.08.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега