ВИДЕО: 9-годишно момче победи алигатор
Деветгодишно момче од Флорида кое го нападнал алигатор во езеро близу Орландо, успеало да се спротистави и да му побегне на опасниот предатор.
Џејмс Барди Џуниор и неговиот другар се возеле со велосипеди кога одлучиле да се разладат во езерото Тохопекалига. Штом почнал да плива, Џејмс осетил силна болка на грбот и набрзо сфатил дека го каснал алигатор.
- Ја осетив неговата челуст, неговите заби, ја раскажува момчето својата средба со три метри долгиот и 200 килограми тешкиот алигатор.
- Бев престрашен. Незнаев што да правам. Но имав доволно сила да му ја отворам вилицата, да се ослободам и да испливам до брегот, кажа момчето од својот болнички кревет каде моментално се опоравува.
Опасниот влекач го каснал Џејмс три пати и му оставил околу 30 белези од заби и канџи по грбот, стомакот и нозете.
Докторите во една од раните пронашле и еден заб од алигаторот кој Џејмс сака да го зачува како сувенир од својата страшна авантура.
- забот е прилично голем. Ќе го закачам на околу врат за сите мои другари да го видат, рече момчето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа