ПСЖ го промовираше Давид Луиз
-Сакам што порано да бидам на теренот за да го заборавам дуелот со Германија, изјави денеска бразилскиот репрезентативец Давид Луиз на неговата промоција во Пари Сен Жермен.
Луиз додаде дека првите денови по катастрофалниот пораз од Германија на Светското првенство во полуфиналето (1:7) му биле многу тешки и затоа сака што е можно поскоро да се врати на теренот.
- Тоа беше тежок период, но фудбалот е убав затоа што ни дава шанси брзо да реагираме, да научиме многу од грешки и да видиме зошто работите тргнале наопаку. Сакам што поскоро да заиграм и повторно да победувам, рече Луиз на промоцијата.
Бразилецот пред почетокот на Светското првенство го напушти Челзи и потпиша договор со францускиот првак, во трансфер вреден 50 милиони фунти, што е рекордна сума платена за дефанзивен играч во историјата на фудбалот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа