Претседателот на Јувентус среќен што Алегри бил без работа

 

Претседателот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Андреа Ањели, изјави дека имале голема среќа што Масимилијано Алегри во моментот бил без професионални обврски.

- Имавме среќа што Алегри беше без ангажман кога го контактиравме. Екипата со него тргнува во нови походи со ист ентузијазам и дух како во претходните сезони, истакна Ањели.

Тој се осврна и на ненадејната разделба со поранешниот тренер Антонио Конте.

- Бев многу задоволен од работата на Конте кој изминатите три сезони ни донесе три шампионски титули. Што да се каже после неговото заминување. Тоа беше многу тежок момент. Му испратив отворено писмо, но неговата одлука беше да ја прекине соработката, потенцира Ањели.

06.08.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега