Ибраими двоен стрелец за Марибор
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими двапати ја затресе противничката мрежа на вчерашниот реванш натпревар од 3.коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Неговиот тим Марибор на гостувањето кај Макаби Тел Авив одигра нерешено 2:2 и со вкупен резултат 3:2 избори пласман во баражот од ова натпреварување.
Ибраими најпрво погоди за водство на својот тим од 1:0 во 36-та минута, а вториот гол го постигна за изедначување на 2:2 во 55-та минута.
Покрај Марибор пласман изборија уште екипите на БАТЕ Борисов, Стандард и Лил.
Резултати од синоќешните натпревари: Макаби Тел Авив – Марибор 2:2 (2:3 вкупно), БАТЕ Борисов – Дебрецин 3:1 (3:2), Панатинаикос – Стандард 1:2 (1:2) и Лил – Грасхоперс 1:1 (3:1).
Вечерва се играат другите реванш натпревари: Зенит – АЕЛ Лимасол (0:1 прв натпревар), АПОЕЛ – ХЈК Хелсинки (2:2), Малме – Спарта Прага (2:4), Шериф – Слован Братислава (1:2), Бешикташ – Феенорд (2:1), Стеауа – Актобе (2:2), Копенхаген – Днипро (0:0), Салцбург – Карабах (1:2), Селтик – Легија (1:4), Динамо Загреб – Алборг (1:0) и Партизан – Лудогорец (0:0).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа