Вечерва историска средба на Комити и Чкембари во Битола

 

Наивачките групи на Комити и Чкембари денеска одржале заедничка средба во Битола, дознава Press24 од извори во двете навивачки групи. Според информациите, тие се договарале како да настапат во иднина, со оглед на тоа што во моментов во притвор се наоѓаат по еден навивач од двете навивачки групи.
Според нефоцијални информации, тие заеднички испратиле храна и облека за двајцата притворени навивачи.
Се разговарало и за инцијативата на еден од наредните мечеви, сите навивачки групи од Македонија да дојдат и да навиваат заеднички на еден стаднион, најверојатно на Филип Втори во Скопје и да испратат заедничка порака против насилството на фудбалските терени.
Навивачките групи на Чкембари и Комити важат за најлути ривали на македонската тифо сцена, но по инцидентот во Битола, покажаа дека се подготвени да си помогнат една на други кога за тоа има потреба.
На македонската навивачка сцена одамна се зброува за семакедонско обединување на навивачките групи. Дури имаше и еден обид минатите сезони, кога беа дадени насоки се навива само за својот тим и да не се навредуваат другите тимови и редовно да се истакнува македонското знаме. Наасоките се почитуваа неколку месеци, а потоа се се врати на старо, освен македонското знаме, кое сите навивачки групи го истакнуваат на секој меч.

05.08.2014 - 23:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега