Турчин: Ја дадов раката, сега чекам Вардар да ни ја донесе титулата
Јас ја дадов раката, а сега вие донесете да ми ја донесте титулата. Со овие зборови навивачот на Вардар, Горан Николовски Турчин му се обратил на играчот на Вардар, Влатко Гроздановски кој дошол да го посети во болницата, каде се наоѓа по инцидентот во Битола, кога по екслозијата на шок бомба, заработи сериозна повреда на левата рака, пишува порталот Спорт Медиа.
„Сакав да ја фрлам бомбата кон празниот дел на трибината, од која веќе нѐ потисна полицијата, зашто мислев дека е солзавец! Ни на крај памет не ми беше дека е бомба. Само што ја подигнав од земја, таа експлодираше и не само што ми ја разнесе раката, туку и направи изгореници на целото мое тело и на сите момци што беа околу. Кога ќе ги затворам очите ми се враќаат слики и тешко ми е да заспијам. Знам дека излегле разно-разни видеа и дека се пишуваат триста глупости, но само јас ја знам вистината. Искрено, не знам како првично стигна до мене бомбата, но сигурен сум дека не ја одземав од некој полицаец. Точно е дека мавтав со неа бидејќи сакав да ја фрлам, но во тие моменти таа воопшто не беше активирана. Потоа, во хаосот ми ја бутнаа од рака и ја изгубив од вид. Кој ја активирал во меѓувреме, како се активирала, воопшто не знам. Само забележав дека еден полицаец ја шутна кон нас. Мислејќи дека е солзавец, ја подигнав и се случи тоа што се случи. Не дај боже да му се повтори на некој друг -раскажува Николовски од болничкиот кревет за Спорт Медиа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа