Червар: Приоритетите се познати, Топ 16 во ЛШ и шампионска титула

 

Тренерот на РК Металург Лино Червар за официјалната интернет страница на тимот изјави дека приоритетите на овој тим се добро познати и за новата сезона.

- Сакаме најпрво да избориме пласман во топ 16 во Лигата на шампионите. Познато е дека сме во исклучително тешка група, за што и самите сме свесни. Секако дека сакаме да направиме и чекор напред во однос на минатата сезона, но за тоа е потребно да се работи многу повеќе, но и време сето тоа правовремено да се сложи. Втората цел ни е домашното првенство, каде што повторно сакаме да останеме таму каде што сме и сега – на врвот, изјави Червар.

Металург од вчера се наоѓа во Маврово на висински подготовки, а во наредните два до три дена на екипата треба да им се приклучат Ренато Вугринец и Дарко Ѓукиќ кои отсуствуваат од оправдани причини.

Превземено од rkmetalurg.mk

05.08.2014 - 16:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега