Чави стави крај на репрезентативната кариера

 

34 - годишниот Чави Ернандез денеска објави дека се повлекува од националниот тим на Шпанија.

- Сметам дека е вистински момент да се повлечам од репрезентацијата. Ми беше чест и задоволство да играм за мојата земја. Поминав многу убави моменти носејќи го шпанскиот дрес, но и две големи разочарувања во Бразил - лично и тимско, изјави Чави на прес - конференцијата во Барселона.

Тој во својата репрезентативна кариера одигра 133 натпревари постигнувајќи 13 погодоци. Освои две последователни титули европски шампион (2008 и 2012), а во 2010 ја освои и титулата светски шампион.

 

 

05.08.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега