Карваљо во Арсенал за 24 милиони фунти

 

Португалскиот фудбалер Вилијам Силва де Карваљо е најновото засилување на Арсенал, објавија англиските медиуми. Тој следните пет години ќе го носи дресот на премиерлигашот од Лондон.

За ангажманот на 22-годишниот играч од средниот ред „Топџиите“ на Спортинг Лисабон ќе му платат оштета од 24 милиони фунти.

До договор меѓу двата клуба дојде по согласноста на португалскиот тим да го намали првичното побарување од 37 милиони фунти за предвремен раскин на договорот.

Интерес за Карваљо во преодниот рок покажуваа и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

04.08.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега