Не чекаат многу тешки денови

Температурни шокови, спарно време и многу влажност. Ваква атмосфера на очекува во наредните два дена. За хронично болните и оние се покачен крвен притисок, ваквото време е голем проблем. Од 36 степени во најголемите горештини па до 12 степени навечер. Метеоролозите најавуваат два тешки денови.

Во вторник претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне наоблачување и нестабилно со врнежи од дожд кој прво ќе ги зафати западните предели, а во вечерните часови и источните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 36°C. УВ индекс 6.

Во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 19°C до 30°C.

04.08.2014 - 12:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега