Крај на репрезентативната кариера на Насри
Играчот на англискиот шампион Самир Насри повеќе нема да го носи дресот на репрезентацијата на Франција.
На неодамна завршениот Мундијал во Бразил, Насри не беше дел од составот на францускиот селектор Дидие Дешамп.
- Донесов одлука. Ми беше потребно време, но мислам дека ова е вистинскиот момент. Ништо немам освоено со репрезентацијата и полесно беше да се донесе оваа одлука, изјави Насри.
Сега веќе поранешниот француски репрезентативец во последно време често беше критикуван од медиумите. Насри за Франција одигра 41 натпревар и постигна 5 голови.
04.08.2014 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа