За попладне се подготвува дожд

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици кои ќе бидат проследени за засилен ветер. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Mаксималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Maксималната дневна температура ќе достигне до 28°C.

Во Македонија во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 34°C. УВ индекс 7.

01.08.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега