Нимиц на средба со Венизелос - средбите во Скопје топ тема во грчките медиуми

Медијаторот Метју Нимиц кој вчера оствари средба со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Како што јави дописникот на МИА, засега нема официјални информации дека Нимиц ќе има средби и со други претставници на грчкиот државен врв.

Речиси сите грчки медиуми објавија извештаи за средбите на Нимиц во Скопје, истакнувајќи ја неговата изјава дека „прашањето за името е прашање кое засега многу земји, вклучувајќи ги САД и Германија, и тие сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот“.

- Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено, ја пренесуваат грчите медиуми изјавата на медијаторот по средбата со премиерот Никола Груевски.

Како што се очекуваше, само некои од медиумите го пренесоа коментарот на Нимиц дека не  преговара за идентитетот.

- Народите си имаат свои идентитети и за нив не се преговара, туку тие ги креираат со своите дела, со својата култура. Оваа земја си има свој идентитет, рече Нимиц во Скопје.

30.07.2014 - 09:11
Фото: 
безпардон
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега