Повторно невреме во Македонија

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, најпрвин во западните делови ќе биде нестабилно, проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења и град, а на места процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења.Температурата ќе достигне до 33 степени.

30.07.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега