Привршува изградбата на плоштадот во Крива Паланка

Плоштадот „Карпошово востание“, кој се гради пред општинската зграда во Крива Паланка е во напредна фаза, информираа од локалната самоуправа на општината.

Во тек се завршните градежни активности од реализацијата на проектот „Изградба на плоштад со партерно уредување“ со кој се опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка со вкупна површина од 750 метри квадратни. Плоштадот во најголем дел ќе биде со светол гранит, а 10 проценти ќе биде поплочен со темен гранит. Во централниот дел на плоштадот со црвен и светло кафеав гранит е изработен симболот „Сонце од Вергина“. Вредноста на проектот за партерното уредување изнесува 17.869.920,00 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи од проектот е фирмата „Цвет Компани ДООЕЛ“ од Скопје.

29.07.2014 - 15:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега