Овој податок за минералната вода ќе ве шокира

 

Иако во лето не освежува, максималниот внес на минерална вода не би смеело да премина еден литар дневно. Според британските експерти од здружението “Consensus Action on Salt and Health”, водата може да го загрози нашето здравје.

Тие анализирале десеттина различни видови од најпопуларните европски минерални води и заклучиле дека содржат од 2 до 11 пати повеќе сол од водата од чешма.

Редовна ( или уште полошо прекумерна) конзумација на минерална вода може да предизвика сериозни проблеми со бубрезите, да го зголеми крвниот притисок и да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.

- Ако пиете повеќе од еден литар минерална вода на ден можете сериозно да го загрозите вашето здравје, додека повремената конзумација не претставува проблем. Луѓето со висок крвен притиско треба во потполност да ја избегаваат минералната вода, предупредува нутриционистката Соња Помбо.

 

28.07.2014 - 14:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега