Руски астролог предвидел Трета светска војна!
Деновиве на интернет се повеќе се врти едно излагање на познатиот руски астролог Павел Глоб од пред три години, кое некои го толкуваат како предвидување дека во 2014 година ќе започне Трета светска војна.
Сега многумина неговите „предвидувања“ ги поврзуваат со актуелните случувања, стравувајќи дека кризата во Украина би можел да предизвика Трета светска војна, доколку во конфликтот се вмешаат меѓународната заедница и големите светски сили како САД и Велика Британија.
- Оваа (2014) година во светот ќе се случат војни, но се ќе биде в ред во нашата земја, освен во текот на летото. Летото ќе биде тешко. Ќе имаме три затемнувања во јуни и јули. Вкупно шест во текот на годината. Ваква катастрофална година имавме и кога се распадна Советксиот сојуз, вели Глоб во „предвидувањето“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа