ФОТО: Лекарите му оддадоа чест на починатото детенце - фотографијата која го расплака светот
Додека неутешната мајка во позадина го покрива лицето со раце, тимот доктори на трогателен начин му оддадоа почит на 11- годишно дете кое не ја преживеа операцијата, а чива желба била да ги донира органите. Храбриот Liang Yaoyi се бореше со тумор на мозокот. Пред последната операција, која за жал не ја преживеа, изразил желба во случај да умре неговите органи да бидат дарувани. Неговиот гест доби на важност бидејќи донирањето органи во Кина е сеуште нов концепт. Првиот национален регистар на дарители на органи профункционира во 2010 година, а до тогаш најголемиот дел потребни органи за трансплантација се добивани од осудениците на смртна казна.
Родителите на детето биле против неговата идеа да ги дарува органите, но на крајот сепак ја исполниле неговата желба затоа што сакал да стане лекар и да им помага на луѓето. Со овој чин сепак им помогнал на многумина и спасил животи.
На малото дете со големо срце докторите му се заблагодарија со традиционален троен наклон, кој во Кина се користи да им се оддаде чест на починатите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа