Тито Петковски виси на Ивон Величковски

 

Пратеничката група на Тито Петковски зависи од волјата на Ивон Величковски. По најавите дека тој заедно со пратениците на ПЕИ и Драгиша Милетиќ ќе формираат пратнеичка група, Тито Петковски има причини за паника. Ивон Величковски, заедно со четирите пратеници на НСДП, се уште важат за пратнеичка група во Собранието.
Драгиша Милетиќ, кој денеска си замина од опозициското јато, рече дека преговри со Цаноски и со Ивон Величковски се уште нема, а зошто е тоа така, на новинарите им рече да го прашаат Величковски. 
Доколку Величковски ја напушти пратеничката група на НСДП, тогаш, македонскиот блок на опозицијата ќе остане со само една пратеничка група во собранието, односно, онаа на СДСМ.
Пратеничка група формираат 5 пратеници. Таа имат право да учествува на координациите кај спикерот Вељаноски и имаат бројни привилегии, меѓу кои и фактот дека нивните предлог закони, полесно пристигнуваат кај спикерот Вељаноски.

најчитано сега