Трогателна исповед: Абортирав, се каам и засекогаш го замразив абортусот
Трогателна исповед на една жена која мора да ја прочитате. Од првиот момент кога го направив тоа мојот живот веќе никогаш не беше ист. Наеднаш сфатив дека изгубив нешто многу вредно, моето дете. Наеднаш посакав да ја нема болката која ја чувствував во себе.
Никогаш нема да го заборавам моментот кога сфатов дека сум бремена. Имав утрински мачнини, а длабоко во себе знаев дека тоа не е мамурлак. Позитвниот тест за бременост беше само потврда на застрашувачката реалност. Мојата апликација за факултет беше веќе поднесена, а јас нервозно ги чекав одговорите од универзитетите. Работев многу напорно за да се запишам таму каде што секогаш сонував, а позитивниот тест за бременост како да ми ги украде соништата. Младинскиот директор во мојата црква, пред некое време се породи со своето прво дете, таа рече; „Да се биде мајка е остварување на сите мои соништа. Тоа е се што посакував, но кога дознав дека сум бремена бев преплашена“. Јас го чувствував истиот страв кога дознав дека и јас сум бремена, но да бидам самохрана мајка не беше ни приближно она што го имав замислено за мене. Стравот ме натера да ги разгледам сите можности, но никогаш не помислив дека можноста да абортирам ќе ми донесе толкава болка.
Абортирањето како процедура не беше многу болно, но емоционално ме уби. Откако го извршив абортусот, заминав на ручек со една моја пријателка а потоа таа ме префрли дома. Јас бев безживотна. Останав во кревет целиот ден. Без никаква желба за ништо. Без мотивација. Ништо! Сега кога помислувам на тој ден сум многу лута. Како може да се чувствувам вака, кога абортусот беше единствена добра опција за мене?
Фактот дека абортирав беше моја мрачна тајна. Да ја носам таа тајна во себе не беше воопшто лесно. Празнината која ја чувствував во себе и мојата интуиција ми кажуваа дека направив погрешна одлука.
Продолжив да ја поттиснувам болката во себе, наместо да побарам стручна помош. На некои моменти јас не можев да кажам дека сум „ЗА“ животот ниту пак да го помислам тоа. Зарем тоа не ме прави лицемерна? Се сеќавам имше моменти кога моите пријатели се шегуваа за абортусот. Викаа дека ако некогаш дознаат дека се бремени ќе направат абортус, а јас во себе си викав: „Никогаш, ама никогаш нема да ви дозволам да го направите тоа!“.
По некое време одлучив да посeтам доктор. Тоа го одлучив откако ја видов мојата новородена внука. Тоа беше клучен момент кога се случи пресврт во мене. Името на докторот беше Исус. Љубовта кон Исус ме излечи.
Многу години се срамев од грешките кои ги имав направено. На себе гледав како некој кој е безвреден, а јас постојано се минимализирав како и моите желби потреби. Иако мојот грев беше огромен, Исус сеуште имаше љубов и добрина за мене. Иако патот беше многу тежок, јас се отворив пред него и дозволив тој понатаму да го води мојот живот.
П.С.
На сликата се мојата сестра и мојата внука.
Извор Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа