Украинската владина коалиција се распадна

 

Владеачката украинска коалиција „За европска Украина“ која беше формирана на 27 февруари, се распадна, соопшти денеска претседателот на украинскиот парламент Олександар Турчинов.

Со тоа се отвара патот за одржување на предвремени парламентарни избори.

Распадот на „За европска Украина“ се случи откако парламентарните групи на проевропските партии Украинска демократска алијанса за реформи (УДАР) и „Слобода“ денеска соопштија дека излегуваат од составот на коалицијата, со што од 262 пратеници таа се намали на 191.

Во рок од еден месец треба да се формира ново парламентарно мнозинство, во спротивно претседателот на Украина ќе може да ја распушти Врховната рада и да определи датум за предвремни избори.

Се очекува датумот на предвремените избори да биде 26 октомври.

 

24.07.2014 - 16:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега