Становите во Скопје меѓу најевтините во регионот

 

 

Во ниту еден од главните градови во регионот, не може да се купи квадратен метар во самиот центар под 1.000 евра, покажува истражувањето на српски „Блиц“.

Квадратот најскапо „оди“ во Љубљана, со процечна цена од 2.600 евра. Следува Загреб со 2.300 евра, па Белград, со 1.800 евра. Становите во Скопје се поевтини и од оние во Тирана, каде за квадратен метар се бара по 1.600 евра. Во центарот на Скопје метар квадратен во просек се продава по 1.200 евра, додека во периферните делови на градот е за 350 евра поевтино. Така, со 100.000 евра во центарот на Скопје се купува стан од 80 метри квадратни, а во периферијата стан од 111 метри квадратни. 

Во Скопје се градат се повеќе станови, а продажната цена се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека само во мај најмногу дозволи за градба се издадени во Центар и Аеродром, а расте интересот за градење и во општина Илинден, каде само во мај се издадени 23 дозволи за градба. Статистиката покажува и дека, атрактивни за изградба на станови се  скопските опшини Ѓорче Петров, Карпош и Бутел.

Податоците покажуваат дека има зголемување на бројот на станови што е планирано да се градат во наредниот период. Само во мај биле издадени градежни дозволи за изградба на 504 станови,што е зголемување за дури 42,4%, во споредба со истиот период лани. Од вкупно 514 станови, најголемиот дел или 217, е планирано да бидат трисобни, додека 141 ќе имаат по две соби.

24.07.2014 - 09:28
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега