Македонските јуниори подготвени за ЕП во кошарка
Јуниорската кошаркарска репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години од денеска е во Софија, каде веќе утре ќе го започне својот настап во „Б„ дивизијата на Европското првенство.
По едномесечните подготовки кои нашите јуниорски репрезентативци ги одработеа во Скопје и Маврово, тие попладнево веќе го одработеа и единствениот тренинг пред стартот на шампионатот.
Европското првенство почнува утре и ќе трае до 3 август, а ќе настапат вкупно 22 репрезентации, кои ќе се борат за првите три места кои носат пласман во „А„ дивизијата. Нашата репрезентација се наоѓа во групата Ц, заедно со репрезентациите на Словенија, Норвешка, Финска и Швајцарија.
По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две репрезентации ќе обезбедат пласман во четврт-финалната рунда.
Распоред на натпревари:
- група Ц: Македонија – Словенија (четврток од 18:15), Македонија - Норвешка (петок од 13:45), Македонија - Финска (сабота од 11:30) и Македонија - Швајцарија (понеделник од 11:30).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа