Се пролеа крв на скопските улици - 11 сообраќајки за 24 часа

 

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои две со материјална штета, а во седум од нив тројца пешаци, еден велосипедист, еден моторциклист, двајца возачи и еден сопатник  се здобиле со повреди. 

Во 7 часот и 30 минути на крстосницата меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ се случила сообраќајка во која од возило „фолксваген пасат“ е повреден пешак, додека во 8 часот пред крстосницата од улиците „Московска“ и „Софиска“ се случила уште една сообраќајка во која се повредени возач на мопед и пешак. Пешакот се здобил со тешки, а возачот на мопед со телесни повреди.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно. 

23.07.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега