Еве кои се најлошите намирници во вашиот фрижидер?

 

Кога јадеме надвор до дома, свесни сме дека рибата е многу подобар избор од хамбургерот, но кога имаме многу храна во фрижидерот, често не размислуваме што купуваме и јадеме иако голем дел од таа храна не е здрава.

Токму поради тоа ви донесуваме список на најнездрави намирници кои би било подобро да не ги купувате, за да не паднете во искушение да ги јадете.

Маргарин

Маргаринот содржи голема количина на масни киселини и докажано е дека неговото редовно користење во исхраната го зголемува ризикот од заболување на срцето и крвните садови. Тој го зголемува нивото на вкупниот холестерол и го намалува нивото на добриот и делува лошо на имунитетот.

Содржи помеѓу 19 и 38% трансмасни киселини, а во само една лажичка се наоѓаат 100 калори и 11 грама масти. Затоа секогаш подобро е да избирате путер отколку маргарин.

Месна преработка

Салами, сувомеснати колбаси, виршли и паштети – ова е месото од најлош квалитет, кој изобилува со конзерванси, адитиви и масти. Освен тоа, содржи и голема количина сол, поради што се зголемува ризикот од оштетување на бубрезите и висок крвен притисок, а не се препорачува да се јаде почесто од еднаш неделно.

Мајонез

Го јадите често? Тогаш ви е јасно зошто мастите се таложат на вашите крвни садови, а килограмите толку лесно се “лепат”. Вистина е дека мајонезот не е лош ако неговото внесување го ограничите на две лажички. Но ако на еден оброк јадите околу четвртина шолја, тогаш внесувате 360 калории и 40 грама масти. Затоа наместо мајонез изберете сенф.

Овошни и газирани сокови

Засладени пијалоци, ледени чаеви и газирани пијалоци, па дури и оние кои содржат вештачки засладувачи се најголем непријател на витката линија бидејќи го отвораат апетитот, немаат нутритивна вредност и беспотребно внесуваат калории.

Обичната вода е најдобра за хидратација на организмот. Ако сакате пијалоци со вкус, самите направете си зелен или црн чај, ставете малку мед и лимон и чувајте го во стаклено шише. Ќе добиете вкусен и здрав пијалок преполн со антиоксиданси.

22.07.2014 - 18:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега