Јуни најтопол месец од 1880 година

 

Јуни беше најтоплиот месец во светот од 1880 година, кога и почнале официјалните мерења на температурата, објави Американската агенција за океан и атмосфера.

Комбинираната просечна температура на површината на копното и океанот изнесувала 16,22 степени Целзиусови, што е за 0,72 степени поголема од просекот во 20-от век за тој месец.

На тој начин е надминат претходниот рекорд од јуни 2010 година.

22.07.2014 - 14:06
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега