Мората се повреди уште пред да дебитира за Јуве

 

Алваро Мората се повреди на вториот тренинг за Јувентус. Овој 21-годишен напаѓач во саботата пристигна во Торино од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но уште сега му следува пауза.

Како што соопштија од таборот на Јувентус, Мората на вториот тренинг со новиот тим го повредил коленото и предвреме го напуштил тренинг центарот.

Во наредните неколку денови ќе биде познато колку неговата повреда е сериозна и дали ќе мора да оди на подолга пауза.

22.07.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега