Згодниот Надал раскина со својата долгогодишна девојка
Згодниот тенисер Рафаел Надал и неговата девојка Чиска Периљо ја раскинаа својата 9-годишна врска.
Надал се уште не ја демантирал оваа информација, но медиумите на големо известуваат за ова.
Фактот што тие се оддалечиле еден од друг се наведува како причина за нивното раскинување, а последен пат тие се видени заедно на финалето на Ролан Гарос.
Се претпоставува дека до раскинувањето дошло некаде кон крајот на јуни.
Тенисерот и атрактивната Шпанка се познаваат од детството и до сега беа една од најубавите двојки во спортскиот џет сет.
21.07.2014 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа