Што треба да пиеме за да ја намалиме жедта?

 

При високи температури потењето е зголемено, па секој ден треба да се надомести изгубената течност. Што треба да пиеме за да ја намалиме жедта додека надвор сонцето пржи? Лекарите велат дека секој пијалак е добар доколку го пиеме правилно и доколку не содржи алкохол.

Водата најдобро освежува, а не содржи ниедна калорија. Затоа таа е вистински избор за време на летните денови. Советот е да испиеме најмалку еден ипол литар минерална вода дневно, а ако се занимаваме со спорт, дозата треба да ја зголемиме на два литри.

Овошните сокови треба да ги пиеме наутро пред појадок или со појадокот затоа што тие се вистинска ризница на витамини и минерали. Идеално би било да се пие свежо цеден сок, а ако не сме во можност да ги направиме, ќе послужите и индустриски сок кој има ознака „100% овошје без адитив и дополнителен шеќер“.

Сепак треба да се има на ум фактот дека соковите не можат да го заменат овошјето кое би требало да го јадеме неколку пати во текот на денот. Тоа содржи драгоцени растителни влакна и не прави сити.

Во кафуле се препорачува диетален пијалак. Конзерва диетална кола содржи само една калорија, додека обичната има дури 148. Од друга страна, диеталните напитоци поттикнуваат производство на инсулин, што ја зголемува потребата за шеќер. Затоа треба да се пијат во мали колични.

Газираните напитоци дебелеат затоа што содржат таканаречени „брзи шеќери“. Меѓутоа, после некоја физичка активност брзо ја враќаат потребната енергија, токму затоа што соодржат шеќер, вода, калиум и бикарботнати, сите супстанци кои сме ги исфрлиле со потењето. После тежок физички напор треба да се пијат газирани напитоци, но полека и во мали голтки за да се избегнат стомачните тежини.

Поради кофеинот и танинот кои ги содржат, чајот ги разредува резервните енергетски материи. Содржи и флавоноид кој пет пати е поефиксасен од витаминот Ц и Е. Освен тоа, чајот е убав диуретик, па лекарите советуваат во текот на денот да пиеме околу два литри од тој драгоцен пијалак кој ќе ни помогне од организмот да ги исфрлиме сите штетни материи. За чајот да има што помалку калории, треба да биде без шеќер или благо засладен. Треба да се избегнуваат ледените чаеви од продавница, затоа што имаат премногу шеќер.

21.07.2014 - 14:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега