Полицијата демне: „Летаат" казни за непослушни возачи

 

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 35 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 63 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 32 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

21.07.2014 - 09:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега