Крвав викенд: 27 сообраќајки на скопските улици
Во текот на викендот се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле девет сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден велосипедист, еден пешак и еден сопатник.
Исто така, во 13 часот и 40 минути на автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатната рампа Сопот, патничко моторно возило „фолксваген“ со битолски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Битола се превртело на коловозот од автопатот. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници.
Втората незгода се случила во 15 часот и 30 минути на ул. „Пролет“ во близина на Тутунскиот комбинат помеѓу патничко моторно возило „фијат поло“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Во сабота извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во која со телесни повреди се здобиле четворица возачи и тројца сопатници, а во недела извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден велосипедист и шест сопатници.
Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во 8 часот и 25 минути на крстосницата од ул. „Ѓорѓи Капчев“ и ул. Ѓорѓи Капчев 4“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „алфа ромео“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и велосипед, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа