Време: И сонце и дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо за четири до пет степени, а ќе има и сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд на места со појава на грмежи и со засилување на ветер. Пообилни врнежи утре се очекуваат повторно во крајниот западен и северозападен дел од земјава. Преку денот ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер претежно од западен и југозападен правец, на места ќе достигне брзина до околу 60 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 17 до 26 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.