Македонија домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години

 

Скопје, Охрид, и Струмица се трите македонски градови во кои од денеска па се до 3 август ќе се играат натпреварите од Светското првенство за ракометарки до 18 години.

Веќе се одигра првиот натпревар на шампионатот. Унгарките во неизвесен меч ја победија Русија со 27:26 во 1.коло од Б групата што се игра во Охрид. Во овој град се играат дуели од две групи, па затоа има и претпладневна програма.

Македонија денеска од 19 часот и 30 минути игра против Германија во Струмица.
 
Распоерд на натпреварите од 1.коло: 
 
А група - Скопје: Шведска – Бразил, Кореја – Холандија и Казахстан – Тунис.
 
Б група - Охрид: Русија – Унгарија 26:27, Норвешка – Конго и Јапонија – Парагвај.
 
Ц група – Струмица: Данска – Узбекистан, Романија – Аргентина и Македонија – Германија.
 
Д група – Охрид: Португалија – Ангола, Црна Гора – Франција и Хрватска – Кина

20.07.2014 - 13:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега