Еве со кои играчи ќе стартува Ван Гал

 

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал избра 25 играчи кои ќе ги земе на подготвителната турнеја во САД.

Тука се 10 играчи кои играа на Мундијалот во Бразил, вклучувајќи го и Вејн Руни.

Ван Гал ги зема и засилувањата Шо и Ерера, додека тренерот го поштедил Ван Перси, Евра, Ернандез, Јанузај и Фелани кои играа во втората фаза на Мундијалот.

Првиот тест Јунајтед ќе го има на 23-ти јули против Ла Галаксија, а по тоа ќе игра против Рома и Реал.

Тимот кој патува за САД: Де Хеа, Линдергард, Џонстон, Ејмос, Рафаел, Еванс, Смолинг, Џонс, Шо, Блекет, Мајкл Кин, Џејмс, Ерера, Клеверли, Флечер, Јанг, Заха, Мата, Кагава, Валенсија, Нани, Лигард, Велбек, Вин Кин и Руни

18.07.2014 - 20:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега