Касиљас го напушта Реал Мадрид
Голманот на фудбалската репрезентација на Шпанија Икер Касиљас направил договор со Реал Мадрид во 2015-та да го напушти клубот како слободен играч, пренесува „Ас“.
Касиљас и ова лето сакаше да ја смени средината, но по разговорите со претседателор Флорентино Перез одлучи да остане уште една сезона.
Договорот на Шпанецот истекува во 2017-та година, но како слободен играч ќе има можност да го направи последниот голем договор во кариерата.
Шпанскиот весник наведува дека капитенот на Реал не чувствува поддршка од навивачите и луѓето кои го водат клубот, особено по грешката во финалето од Лигата на шампионите.
Касиљас целата кариера ја помина во „кралскиот клуб“, з акој одигра 678 натпревари и освои пет титули во Премира, три во Лига на шампиони, два национални Купа, четири супер Купа на Шпанија, УЕФА Суперкуп и Интерконтиненталниот куп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа